|
|
|
|

Системското подрачје „Кнауф -
чистење и нега“ ќе Ви помогне да го одберете вистинското
средство за одржување, кое на површините од
клинкер-керамика, керамика или метал ќе им го врати
истиот сјај како кога беа нови. |
|

За Вашето купатило,
кујна или тераса - со средствата за чистење од
програмата на Кнауф се отстрануваат и тврдокорните
нечистотии од чувствителните површини. Високо
квалитетните средства за нега
обезбедуваат долготраен убав изглед на
обработените површини. Кои средства се користат за која
намена прочитајте во продолжение.
|
Средство за
чистење на
цементни дамки |
|
|
|
Концентрирано
средство за
плочки, подни
плочи и природен
камен.
Отстранува
наслаги од каменец и други нечистотии, остатоци
од цементен филм,
исцветување,
корозија и.т.н.
За внатрешна и
надворешна
примена.
Подлогата треба
темелно да се
навлажни,
средството за
чистење да се
разреди со вода,
во зависност од
степенот и видот
на нечистотијата,
да се нанесе на
површината и
после кратко
делување целосно
да се измие.
Фугирани
површини може да
се чистат после
6 недели. Пред
тој рок фугите
се чистат само
со вода |
|
|
 |
|
|
|
|
Средство за чистење плочки
и санитарии |
|
|
Создава сјајна површина на разни
површини во купатило, WC и во кујна. Чисти дури и
наслаги од мокрача и корозија на природниот камен.
Подлогите треба претходно да се навлажат, да се остави
средството да делува некое време и потоа потполно да се
испере со голема количина на вода. Не се користи на
чувствителни површини. |
|
|
 |
|
|
|
Средство
за чистење на подови |
|
|
| Истовремено чисти и негува.
Создава заштитен филм против лизгање, кој
истовремено ја одбива
нечистотијата и дава освежувачка арома. Ова средство е
особено погодно за сите видови подови од керамички
плочки, клинкер-керамика, терацо, травертин или природен
камен. Се додава во водата за чистење. Подните облоги
добиваат убава боја и структура и останува свеж мирис на
лимон. |
|
|
 |
|
|
|
|
Средство
за чистење на арматури |
|
|
| Ги отстранува остатоците од
каменец, нечистотија или сапун. Активно делува против
бактерии и габички по елоксирани и алуминиумски површини,
емајл и керамика. Подлогата да се испрска, да се остави
кратко да делува и темелно да се испере |
|
|
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|