Knauf      
 
Faqja e parė
Македонски | Shqip | Kontakti | Mapa

 

 

Кнауф систем за шибер врата 

   
   
 

Брза и едноставна монтажа

Поставувањето е едноставно и брзо; системот се монтира за време на изведбата на преградниот ѕид на готов под.

Сигурна техника

Вградените делови се изработени од поцинкуван челик, отпорни се на влијание на прашина и влага и не е потребно посебно одржување. И после долгогодишно користење на лизгачките врати, отварањето останува тивко. 

 
Шибер врата
 
 
  Вграден комплет со упатство:
   
 
Системски профили од поцинкуван челичен лим 2мм, алуминиумска водилка со лизачки механизми, дистанцери за потконструкцијата, продолжеток за прицврстување на вратата, сите потребни шрафови, пила
Главни предности се:
  • едноставно складирање-универзален комплет за сите ширини на отвори (620-1020 мм)

  • лесно транспортирање поради малите димензии на пакетот (222 х 12, 5 х 221 см)

  • патентиран систем

  • вратното крило се води во шуплината на ѕидот

  • со спојување на два комплета можна е извеба на двокрилна лезгачка врата со симултано отварање

  • тркалачките лежишта го обезбедуваат тивкото отварање

  • зголемување на животниот простор

 
 Заштеда на просторот во бањите
Заштеда на просторот во кујните


Упатство за монтажа


Попречниот носач и алуминиумската водилка се кратат според саканата ширина на светол отвор на вратата.


Алуминиумска водилка со штрафови се прицврстува за попречниот носач.


Вака комплетираниот носач се поставува во предходно поставениот UW профил.

 


.... и со шрафови од горната страна се прицврстува за хоризонталниот UW профил.


Потоа се прицврстуваат предните и задните вертикални системски профили.


Конструкцијата се обложува со Кнауф плочи – готово!

  назад


                  Knauf © 2007